Бирото за регионален развој објавува јавен повик за доделување на средства за финансирање на проекти во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој за 2025 година.
Цел на повикот: Средствата се наменети за финансирање на проекти за:
- Развој на урбаните подрачја и одржлив урбан развој
- Развој на подрачја со специфични развојни потреби
- Развој на селата
Кој може да аплицира? Право на поднесување предлог-проекти имаат:
- Општините и општините во градот Скопје
- Центрите за развој на планските региони
- Јавните претпријатија и јавните установи основани од државата, општините и градот Скопје
- Високообразовните и научни институции
- Здруженијата
Рок за аплицирање: Формуларите за аплицирање треба да се достават до Бирото за регионален развој најдоцна до 10 март 2025 година.
Повеќе информации може да најдете тука